ИСВ вели дека Москва „веројатно“ сама го организирала нападот со два дрона врз купола од дворецот во Кремљ за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) вели дека Москва „веројатно“ сама го организирала нападот со два дрона врз  купола од дворецот во Кремљ за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај.

„Кремљ би можел да го искористи нападот за да го оправда откажувањето или дополнителното ограничување на прославите на 9 мај, дејствија кои најверојатно ќе ги интензивираат информациите за војната во Украина да се обликува како директна закана за почитувањето на Русија кон историските настани. Институтот претходно оцени дека Русија користи низа мерки за да ја означи војната во Украина како егзистенцијално прашање за домашната публика во Русија и да се подготви за поширока социјална мобилизација“, објави ИСВ.

Видео од нападот се прошири по социјалните мрежи.

 

 

За нападот Кремљ го обвини Киев, но украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли наводите велејќи дека „ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија“.

Она што е сигурно, е дека Русите синоќа повторно го гранатираа Киев со бараж мунииција и ракети од типот Шахед. Директорот градската воена управа на Киев, Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана издржала најинтензивниот руски напад врз главниот град.

– Нашиот град нема доживеано таков интензитет на напади од почетокот на оваа година! Агресорот синоќа изврши уште еден голем воздушен напад врз главниот град, напиша на Телеграм – Попко.

Тој додаде дека сите руски ракети и беспилотни летала биле уништени од украинските сили за противвоздушна одбрана во воздушниот простор на Киев.

- Advertisement -
Ad image

Украина не крие дека се спрема за пролетната контраофанзива иако засега нема јасни информации за нејзиниот почеток.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Холандија каде ќе го посети Меѓународниот кривичен суд(МКС), јавија холандските медиуми. Синоќа тој пристигнал на аеродромот Амстердам-Шипхол откако претходно беше во Хелсинки, каде присуствуваше на самитот на нордиските земји.

Планирано е Зеленски да се сретне со холандски парламентарци, како и со холандскиот премиер Марк Руте.

- Advertisement -
Ad image

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Овој налог можеби ќе го спречи Путин физички да присуствува на следниот самит на земјите-членки на сојузот БРИКС во Јужна Америка, односно ќе го следи онлајн.

Се шпекулира дека властите во Јужна Америка нема да имаат друг избор освен да го уапсат претседателот според меѓународниот налог.

Share This Article