Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе. Концептот на врска со некој значително помлад или постар е сè уште контроверзен, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.
Помладите девојки на Леонардо ди Каприо, кој е познат по тоа што не излегува со луѓе постари од 25 години, или Роберт Де Ниро, кој неодамна доби дете на 80 години со својата девојка Тифани Чен, која има 45 години, се актуелни теми во светските медиуми и на социјалните мрежи.
Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година, најмногу се зборуваше за бракот со Брижит Троњо, која денес има 70 години и е 25 години постара од нејзиниот сопруг.
Идеалната разлика во возраста е една година?
Иако секогаш има исклучоци, студијата спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат.
Истражувањето, во кое беа опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние кои се составени од партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со 10-годишна разлика во возраста.
За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат. Која би била идеалната разлика во годините? Научниците сметаат дека најмали шанси за раскинување имаат паровите со разлика од само една година, односно само три отсто, пишува Индекс.