More

    Истражувачите открија која храна е најдобра против замастен црн дроб

    spot_img

    Здравјето на црниот дроб е од витално значење за функционирањето на целиот организам бидејќи тој орган заедно со бубрезите го чисти телото од токсините. Затоа е важно да се одржува во добра состојба, а клучна е здравата и урамнотежена исхрана.

    Што и да јадете, обидете се да го дознаете потеклото на храната и следете го составот на пакувањето. Едуцирајте се за различни соединенија кои не ви звучат познато. Сепак, едно од најважните правила е да се консумира храна од цело зрно, а експертите тврдат дека тоа може да го намали ризикот од замастен црн дроб.

    Во новите наоди, објавени во списанието Clinical Nutrition, научниците кои стојат зад студијата анализирале 14.968 учесници, од кои 42,2 отсто биле мажи и 57,8 отсто жени, од кои сите биле жители на Тијанџин во Кина. Учесниците пополнија прашалници поврзани со нивната типична исхрана.

    По период од шест години, истражувачите ги преиспитале здравствените маркери на оние кои немале никакви здравствени проблеми како што се рак, кардиоваскуларни болести или заболување на црниот дроб, вклучително и алкохолно замастен црн дроб и безалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD).

    Тие откриле дека оние кои редовно јадат цели зрна имаат помали шанси да развијат безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

    „Резултатите од нашата студија покажаа дека поголемата потрошувачка на цели зрна е поврзана со намален ризик од NAFLD кај возрасни Кинези“, потврдија авторите на студијата.

    Освен тоа, „храната од цело зрно е богата со голем број корисни хранливи материи и се смета дека игра улога во спречувањето на хронични болести“.

    Бројни студии покажаа дека интегралните житарки можат да помогнат во спречување на кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и рак, а истовремено го подобруваат дигестивното здравје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img