Истрагата за РЕК може да се прошири, се обработуваат случаи со ископ и со увоз на јаглен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Христијан Мицкоски е категоричен дека власта нема политички договор за амнестија на членовите на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев..

– Не, ние не предупредувавме дека само Вице Заев е замешан, туку исто така предупредувавме и говоревме, и имавме прес конференции за многу инстант компании кои што се формирани во Тетово или во други градови во близина на седиштето на една политичка партија, који инстант се формираат и веднаш се добитници на милионски бизниси во делот на увоз на јаглен – рече Мицкоски во гостување на ТВ21.

На прашањето на новинарот дека на 27 мај на брифинг со новинари Мицкоски рекол дека Вице Заев е вмешан во криминал и корупција во РЕК Битола, Мицкоски одговори:

– Јас ќе ви кажам, и не само тогаш, и пред и после тоа сум кажал и стојам уште на овој став за кој што тогаш сум зборувал и уште стојам на тој став – ние направивме една акција за која постојат основани сомненија, и за 23 лица (минус еден, Васко Ковачевски кој што не е достапен на органите на прогонот) се веќе покренати одредени истражни дејствија. Дел од нив се во притвор, дел се во куќен притвор, и тоа претставува една широка акцијаво која што постојат основани сомневања дека се случил криминал. Ќе видиме понатаму во судската постапка дали истрагата ќе се прошири врз други лица. Но, не е само овој единствен случај што се обработува. Има и други случаи како што е увозот на јаглен, како што е ископот, како што се ремонтите итн – одговори Мицкоски.

Share This Article