Историскиот воден бран од Виена патува кон Будимпешта и потоа ќе ги заплисне и Хрватска и Србија

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Додека бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се искачи на 18, метеоролозите соопштија и оптимистички вести за движењето на циклонот Борис. Така, според ХунгароМет, циклонот кој со денови беше над Унгарија, го напуштил регионот и се упатил кон југозапад, така што веќе не се очекуваат обилни врнежи.

Но, во Полска се случува вистинска катастрофа. Откако волонтери во текот на ноќта им помогнаа на спасувачите да постават вреќи со песок за да го поправат оштетениот насип во Ниса, град со 40.000 жители во јужна Полска, за одбрана се подготвува Вроцлав, град со 600.000 жители, кому му се заканува напливот на вода на реката Одра.

Во Полска, поплавите имаат катастрофални последици, особено во јужниот дел на земјата. Големи реки како Висла и Одра почнаа да се излеваат, носејќи со себе сè што ќе најдат на својот пат. Властите пријавуваат десетици оштетени куќи и инфраструктура. Поради брзиот пораст на нивото на водата, многу луѓе се евакуирани од своите домови.

Чешка, особено главниот град Прага, исто така се соочува со сериозна закана. Властите се принудени да поставуваат бариери околу реката Влтава, која е на раб на прелевање. Поплавени се многу градски области, а транспортот е речиси целосно парализиран. Евакуацијата на населението од критичните зони веќе е во тек, а прогнозите покажуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши.

Австрија е погодена со сериозни поплави, особено во регионот на Тирол. Планинските водотеци се преплавени, што создаде големи свлечишта и ги блокираше патиштата. Австриските власти ја следат состојбата со големо внимание, бидејќи се очекуваат нови врнежи. И покрај напорите да се спречи поголема катастрофа, штетите се веќе големи.

Иако обилните врнежи што ги донесе циклонот Борис во Австрија во изминатите неколку дена претежно престанаа во текот на ноќта, ситуацијата со поплавите се уште е тешка, а во провинцијата Долна Австрија, која е најтешко погодена, седум градови во областа Тулнерфелд се евакуирани.

Во изминатите 24 часа состојбата во Виена значително се стабилизира, водостојот на реките се намалија, а водата постепено се повлекува од поплавените делови на градот. Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг и австрискиот канцелар Карл Нехамер, на заедничката прес-конференција повикаа на претпазливост, нагласувајќи дека сè уште не е време целосно да се укине алармот. Сепак, се очекува од утре состојбата трајно да се подобри.

Според информациите од Унгарија, земјата се подготвува за голем поплавен бран кој се движи кон нејзините граници. Тоа ќе биде еден од петте историски водени бранови и во Будимпешта че влезе на 21 септември, можеби и сп водостојот од максимални 8,5 метри. Во земјата на сила е предупредување од трет степен, бидејќи прогнозите велат дека водостојот на Дунав ќе виде критичен од четврток до недела.

Специјалните единици во Унгарија се мобилизирани да поставуваат бариери долж Дунав. Ситуацијата е најкритична во северниот дел на земјата, каде што реките се преливаат поради прекумерните врнежи. Локалните власти издадоа предупредувања за можни евакуации во повеќе области. Во одбраната на земјата од катастрофата ќе бидат ангажирани и 17.000 луѓе, од кои 1.400 се војници, вклучувајќи возила и хеликоптери. Сите припадници на полицијата, институтите и противпожарните служби се подготвени да помогнат.

- Advertisement -
Ad image

Хидролошката состојба во Хрватска е подобра од таа во регионот, но ситуацијата ќе биде појасно кога водедниот бран на Дунав ќе пристигне на 25 септемрви во Батина, каде што се очекуваа рекорден водостој од 7,50 метри. Последен пат вакви водостои се регистрирани во 2013 година .

И во Србија поплавите се сериозна закана, особено во деловите покрај реките Дунав и Сава. Владините институции веќе преземаат мерки за заштита на критичната инфраструктура, а исто така се подготвуваат и евакуациони планови. Според изјавите на директорот на Секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, ситуацијата е сериозна, но властите се подготвени да се справат со неа.

Метеоролошките прогнози не ветуваат ништо добро. Оваа недела се очекува да продолжат силните врнежи во целиот регион, што дополнително ја влошува веќе тешката состојба. Водостоите на реките се очекува да продолжат да растат, што претставува закана за нови поплави и свлечишта.

- Advertisement -
Ad image

Поплавите веќе предизвикаа значителни штети на инфраструктурата и економијата. Во Полска и Чешка, транспортот е речиси целосно прекинат, што има последици по трговијата и логистиката. Австрија и Унгарија, и покрај превентивните мерки, се соочуваат со сериозни штети на земјоделските површини.

Share This Article