Испразнети работни места во здравство ќе се пополнуваат без да се бара согласност од Министерството за финансии

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Испразнети работни места во здравство ќе се пополнуваат без да се бара согласност од Министерството за финансии. Ова го договориле министерот за здравство Фатмир Меџити  и неговиот колега Фатмир Бесими.

– Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во друга клиника, зошто по автоматизам не можат да се надополнуваат тие места? Ние одлучивме веќе и со министерот за финансии, имаше разбирање и по негова иницијатива, Министерството за финансии веќе да не одлучува за вакви случаи. Самите институции веќе да имаат законска одговорност и Министерството за здравство да потврди без да бараме согласност во финансии. Ако има резервирано таков буџет во сите здравствени клиники, тогаш нема потреба да се побара согласност од финансии – појасни Меџити.

Меџити додаде дека на овој начин се скратуваат административните процедури.

– Ни одземаат многу време и не ни се корисни. Барам тоа што треба во здравството да биде подобро и порелаксирано и да ги поедноставиме веќе овие процедури – подвлече министерот.

Share This Article