Испорака на 58.000 тони пчека за Турција, Британија и Ирска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уште три брода со жито испловија од украинските пристаништа и се упатија кон Турција за инспекција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесе Бета.

Бродовите носат вкупно 58.000 тони пченка.

Првиот брод со жито од почетокот на војната, ја напушти Украина претходно неделава. Бродот го помина Црното Море согласно договорот постигнат меѓу завојуваните страни со посредување на Обединетите Нации и Турција. Ја помина инспекцијата во средата во Истанбул, па се упати кон Либан.

Тие што тргнаа денеска од Украина се меѓу повеќе од десет товарни бродови, натоварени со жито и блокирани на украински пристаништа од почетокот на инвазијата, кон крајот на февруари.

Иако со овие бродови десетици илјади тони жито сега почнуваат да се испорачуваат, тоа и понатаму е само дел од дваесетте милиони тони жито, што според наводите на Украина, се заробени во нејзините силоси и пристаништа и што мора да бидат испорачани, со цел да се ослободи место за новата жетва.

Share This Article