More

    Испливаа детали за односот на Викторија Бекам и снаата

    spot_img

    По бајковитата венчавка на Бруклин Бекам и неговата избраничка Никол Пелц, која се одржа во април, сега на ред се помалку убавите детали, кои се случуваат во кругот на познатото семејство.

    Иако се чинеше дека во семејството Бекам владее хармонија, извор близок до нив открил за странските медиуми дека односот меѓу Викторија и нејзината нова снаа е прилично затегнат, а така било и пред самата церемонија.

    „Тие не се согласуваат и не разговараат. Подготовките за венчавката беа страшни“, вели извор близок до семејството.

    Изворот додал дека Пелц, актерка и ќерка на њујоршкиот милијардер Нелсон Пелц, не сакала нејзината идна свекрва да се меша во планирањето на венчавката и ја држела подалеку од сè.

    „Комуникацијата беше минимална“, додаде изворот.

    Оттогаш, ситуацијата не е многу променета, а изворот тврди дека семејството во последните месеци не разговара претерано со нивниот наследник.

    Претставниците на Викторија и Никол се уште не соопштуваат ништо по ова прашање.

    Бруклин и Никол уживаат во бракот, а овој 23-годишник на многу начини покажа колку му значи неговата четири години постара сопруга.

    Двојката се венчаше на имотот на Никол вреден 103 милиони долари на раскошна прослава на која присуствуваа многу познати личности. Пред специјалниот ден, младиот Бекам потпишал предбрачен договор за својата избраничка, а подоцна на своето име го додал и нејзиното презиме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img