More

    Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во кој беа убиени 33 сириски војници

    spot_img

    Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за заседата во источна Сирија во која денеска бројот на загинати се искачи на 33, бидејќи некои од ранетите им подлегнаа на раните.

    Нападот е меѓу најсмртоносните извршени од екстремисти оваа година. Групата некогаш контролираше големи делови од Сирија и Ирак, каде што прогласија калифат во 2014 година.

    Во синоќешното соопштение се наведува дека борците на ИД со различни видови на оружје нападнале два воени камиони во источната провинција Деир ел Зур.

    ИД тврди дека 40 припадници на сириската армија се убиени, а 10 се ранети.

    Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија објави дека бројот на загинати денеска достигна 33.

    Друг активистички колектив кој покрива вести од источна Сирија соопшти дека бројот на загинати е 35 и додаде дека сите загинати се членови на 17-та дивизија на сириската армија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img