Искусниот Ерменец ќе го облече сино-црниот дрес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најдобриот ерменски фудбалер, Хенрик Мхитаријан, само ден откако стигна до вториот европски трофеј со Жозе Мурињо, по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на голем италијански ривал Интер, дознава „Газета дело Спорт“.

Договорот на Рома со Ерменецот, кој синоќа во Тирана го напушти теренот во 15. минута поради повреда против Феенород, истекува на 30 јуни, а бидејќи нема да биде продолжен, тој ќе замине во Милано, исто како што направи и босанскиот репрезентативец Един Џеко.
Мхитарјан ќе потпише договор со Интер на две години, а ќе го напушти „Олимпико“ по 43 одиграни натпревари и пет постигнати гола за „џалоросите“.

Пред Рома, Мхитарјан играше за Арсенал и за Манчестер Јунајтед, во Германијабеше дел од Борусија Дортмунд, а со афирмација во европскиот фудбал се здоби во Шахтјор во Украина.

Share This Article