Предизборен инцидент се случил ноќеска во Кочани каде е искршена канцеларија на пратеник во Собранието.
На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков кој денеска одржа прес конференција пред ОВР Кочани откако предходно се одржа прес-конференција на заменикот министер за внатрешни работи од СДСМ Митко Бојмацалиев.
– Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност. Овие методи не ви поминуваат повеќе! Македонија повторно твоја – порача Лефков за инцидентот во Кочани.