Исчезнал Англичанец кој наводно се качил во автобус од Белград за Скопје, во петокот на 20 септември, но потоа му се изгубила трагата, пријавуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.
Кит Харви има 58 години и живее во Вормервер, Холандија, а родум е од Англија.
Тој има здравствени проблеми и му требаат лекови, според објавата на пријателите. Носи ранец и е препознатлив по својата зелена коса.
Ако имате каква било информација за Кит, пријавете во полиција и исконтактирајте со неговите пријатели на е-адреса: barackca1993@gmail.com