Исчезнаа седуммина Непалци кои работеле во скопски фирми. Трагата им се губи речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.
Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата во 14 часот.
Останатите двајца, според пријавата, за помалку од два часа се оддаелечиле од хотелот каде што престојувале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.