Латино дивата Џенифер Лопез (54) предизвика многу коментари со едно од последните видеа на Инстаграм. Таа ги промовираше производите од својата козметичка линија, но сите се фокусираа на нејзиниот изглед.
Џеј Ло се снимила во топ и шорцеви, а многумина забележаа дека таа видно ослабела.
„Убава си, но зошто ослабе толку многу?“, „Многу си ослабела“, „Дали јас сум единствената што забележала дека Џенифер многу ослабела?“, „Секогаш е убава, но навистина е слаба“, „Изгледа исцрпено“, „Никогаш не била послаба“, се дел од коментарите.
Некои пишуваа дека Џенифер сигурно е под голем стрес со оглед на тоа што веќе подолго време наголемо се зборува за нејзиниот наводен развод со Бен Афлек. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер го продаваат имотот што заедно го купија пред една година.
Џенифер претходно ја откажа концертната турнеја и се појави сама на премиерата на својот нов филм. Папараците неодамна ја снимија додека се вози низ Лос Анџелес. Тогаш странските медиуми пишуваа дека делувала „нервозно и напнато“. Во меѓувреме, таа беше сама на одмор во Италија.
ФОТО: Инстаграм