More

    Исчезна јапонски воен хеликоптер со 10 лица, во тек е потрага

    spot_img

    Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во близина на јужната префектура Окинава, соопшти крајбрежната стража.

    Повеќенаменски хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража, пренесе Кјодо.

    Крајбрежната стража испрати четири патролни чамци во блиските води за да го бараат хеликоптерот. Патролните чамци ги опишаа временските услови како умерени кога пристигнале околу 18:10 часот.

    Хеликоптерот се наоѓал во кампот на ГСДФ, Такаиубару во префектурата Кумамото во југозападна Јапонија и бил ангажиран во активности за надзор, наведе извор од Министерството за одбрана.

    Во хеликоптерот, како што соопшти ГСДФ, имало двајца пилоти, двајца механичари и шест членови на екипажот, од кои сите се припадници на силите за самоодбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img