Ирина Шајк на новите фотографии е пожешка од кога и да е!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една од најпознатите манекенки во светот, Ирина Шајк (38), на својот профил на Инстаграм покажа фотографии на кои е во црно бикини и ги остави без здив своите обожаватели.

 

Супермоделот уживаше во викендот со својата седумгодишна ќерка Леа Де Сејн, која ја доби во врската со холивудскиот актер и режисер Бредли Купер.

 

Облечена во едноставно црно бикини, Ирина Шајк ја покажа целата своја раскош.

Инаку, Ирина е родена на 6 јануари 1986 година во рускиот град Јеманжелинск. Својата манекенска кариера ја започнала во 2004 година кога потпишала договор со агенција во Москва, а две години подоцна се преселила во Париз. Помалку е познато дека нејзиното вистинско презиме е Шајхлисламова.

- Advertisement -
Ad image

 

Таа се здоби со меѓународно признание кога се појави како прв руски модел на насловната страница на „Спортс илустрејтед“ во 2011 година. Покрај успешната манекенска кариера, Ирина е позната и по врските со познати личности.

- Advertisement -
Ad image

 

Руската убавица беше пет години во врска со Кристијано Роналдо, по што влезе во врска со холивудскиот заводник Бредли Купер со кого доби ќерка, а подоцна ја поврзуваа и со Канје Вест и Том Бреди.

 

Share This Article