Ирина Шајк и Том Брејди поминале 48 часа во отмен хотел во Лондон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Том Брејди и Ирина Шајк наводно два дена биле затворени во луксузниот хотел „Твенти ту“ во Лондон, што е повеќе од очигледна причина дека гласините за нивната романса продолжуваат да се вжештуваат.

Поранешниот 46-годишен првак во НФЛ и 37-годишниот супермодел биле видени на иста луксузна локација од недела до вторник, како се одјавуваат од различни влезови со разлика од само пет минути, пишува порталот „Пејџ сикс“.

 

Брејди беше фотографиран како излегува од хотелот облечен во црна маица, фармерки, патики „Најк“ и чанта со маскирен дезен, а наводно од хотелот тргнал кон аеродромот за да одлета од Велика Британија. Шајк, пак, е видена во маица со пруги, шорцеви, чизми до колена, капут за дожд и очила за сонце. Во моментот кога руската убавица е снимена, таа зборувала на мобилен и се чинело дека бара некого или нешто, најверојатно возило, односно возач или такси.

Двојката го направи своето прво јавно појавување во јули, кога беа забележани како се бакнуваат во автомобил по наводното спиење во Лос Анџелес, набргу откако Брејди го финализираше разводот од манекенката Жизел Бундхен во октомври 2022 година. Шајк очигледно не губел време и решил што поскоро да започне романса со поранешниот американски фудбалер. Инаку, Жизел и Брејди за повеќе од 13 години брак станаа родители на синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10), а тој го има и синот Џек (15) од претходната врска со манекенката Бриџит Мојнахан.

Од друга страна, Шајк и 48-годишниот актер Бредли Купер, кои се родители на 6-годишната ќерка Ли Де Сејн, раскинаа во јуни 2019 година по четири години врска.

Share This Article