Иран соопшти дека легално смее да го нападне Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иранските власти денеска соопштија дека државата има „законско право“ да одговори на атентатот во Техеран минатата недела врз шефот на Хамас, Исмаил Ханија, напад за што беше обвинет Израел среде војната во Газа, објави порталот Баронс.

– Никој нема право да се сомнева во законското право на Иран да го казни ционистичкиот режим – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на редовната прес-конференција.

Ова следува по најавата за драматична ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Најавена е силна иранска одмазда за убиството на првиот човек на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, во средата, а тројца американски и израелски официјални лица рекоа дека очекуваат Иран да го нападне Израел токму денеска.

Ако силно вооружената либанска група Хезболах се придружи на одмаздата на Иран, војната што започна со бруталниот напад на Хамас врз Израел, може да прерасне во широк регионален конфликт.

Share This Article