More

    Иран му кажа на шефот на ОН дека ќе одговори на секој израелски напад

    spot_img

    Иран „одлучно ќе одговори“ на секој израелски напад, предупреди иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагши во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти денеска неговото министерство.

    „Иран прави значителни напори за заштита на мирот и безбедноста во регионот, но е целосно подготвен да одговори одлучно на секоја авантура на Израел и да го натера да зажали“, рече Арагши во вчерашниот телефонски разговор со Гутереш.

    На 1 октомври Иран истрела околу 200 проектили кон Израел и за прв пат неколку хиперсонични ракети.

    Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран.

    Техеран објави дека нападите врз Израел се извршени како одмазда за убиството на лидерот на палестинскиот Хамас убиен во јули во главниот град на Иран, што му се припишува на Израел, како и за убиството на лидерот на либанскиот Хезболах. Хасан Насрала и ирански генерал во израелски напад во Либан.

    Одговорот ќе биде „смртоносен, прецизен и ненадеен“, предупреди израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

    Во последните денови, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагши одржа неколку консултации во земјите од регионот, во обид да ја смири ситуацијата. Тој ги посети Либан, Сирија, Саудиска Арабија, Катар, Ирак и Оман.

    Арагши денеска треба да пристигне во Јордан, а подоцна да отпатува за Египет и Турција.

    Иран не ја признава државата Израел и поддршката за палестинското прашање е еден од столбовите на иранската надворешна политика од исламската револуција во 1979 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img