Иран ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на иранската револуционерна гарда, Хусеин Салами, во својот говор во петокот, го опиша налогот за апсење на израелскиот премиер и на поранешниот министер за одбрана, издаден од Меѓународниот кривичен суд, како „крај и политичка смрт“ на Израел, објави Араб њуз.

– Ова значи крај и политичка смрт на ционистичкиот режим, режим кој денес живее во апсолутна политичка изолација од светот и неговите службеници повеќе не можат да патуваат во други земји – рече Салами во говорот емитуван на државната телевизија.

Во првата официјална реакција на Иран, Салами го нарече налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) „потег за добредојде“ и го толкуваше неговото значење како „голема победа за палестинските и за либанските движења на отпорот“.

Израел и неговите сојузници ја критикуваа одлуката на МКС да издаде налог за апсење на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и на поранешниот министер за одбрана на земјата, Јоав Галант. Судот издаде и налог за апсење на воениот началник на Хамас, Мохамед Деиф.

Потерниците против Нетанјаху и Галант беа издадени како одговор на обвинувањата за злосторства против човештвото и за воени злосторства за време на израелската војна против Хамас во Појасот Газа, предизвикани од нападот на палестинската милитантна група врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Овој потег наиде на гневни реакции од страна на Нетанјаху, кој го осуди како антисемитски, како и од најблиските сојузници на Израел, вклучително и САД, но беше поздравен од групите за човекови права, меѓу кои и од Амнести интернешенел.

Потегот на МКС теоретски го ограничува движењето на Нетанјаху бидејќи кој било од 124-те национални членови на судот ќе биде обврзан да го уапси на своја територија.

Главниот обвинител на судот, Карим Кан, ги повика членовите на телото да постапат според налозите, а оние кои не се членови, да работат заедно на „почитување на меѓународното право“.

Share This Article