More

    Иран го информирал Вашингтон дека не бара ескалација на тензиите

    spot_img

    Највисокиот ирански дипломат денеска нагласи дека неговата земја ги информирала САД дека не бара ескалација на тензиите по нападот врз Израел.

    Исламската република го изврши својот прв директен напад врз Израел, истрелувајќи 300 беспилотни летала и проектили за време на викендот.

    Министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир-Абдолахиан, кој е во Њујорк за да присуствува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, во видео објавено од неговото министерство истакнува дека „Иран се обиде јасно да им каже на САД дека не бара проширување на тензиите во регионот“.

    Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година, Швајцарија како неутрална земја ги застапува интересите на Вашингтон во Иран. Според Амир-Абдолахиан, Иран комуницирал со Вашингтон „пред и откако“ го започнал нападот врз Израел.

    – Иран ги информираше САД дека одлуката на Исламската Република Иран да „одговори на режимот (Израел) е конечна и работата заврши – рече иранскиот министер за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img