Иран објави дека не и доставил на Русија беспилотни летала што би биле користени во војната во Украина.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, Насер Канани, изјави дека тврдењата дека Иран и испорачува дронови на Русија „имаат политички амбиции и ги шират западни извори“.
„Не и дадовме оружје на ниту една земја во војната“, изјави Канани на новинарите, пренесува Ројтерс.
Киев тврди дека Русија користи беспилотни летала „Шахид-136“ од иранско производство во своите напади врз Украина.