Иранските власти објавија дека егзекутирале наводен израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан, јави денеска државната телевизија.
Во телевизискиот извештај се вели дека лицето, чиј идентите не е соопштен, имало врски со странски разузнавачки служби, вклучително и со Мосад, и било обвинето за вмешаност во објавувањето доверливи информации.