More

    Ирачките власти го истражува нападот во кој едно лице загина, а осум се повредени

    spot_img

    Ирачките власти денеска соопштија дека ја истражуваат експлозијата во воената база на борци поддржани од Иран, во која едно лице загина, а 8 лица се повредени.

    Официјални претставници на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) првично ја опишаа експлозијата во базата Калсу во централен Ирак како резултат на воздушен напад и ги обвинија американските воздухопловни сили.

    Сепак, Централната команда на американската армија во соопштение негираше дека извршила какви било напади во Ирак.
    ПМФ потоа попладнево излезе со ново соопштение во кое ја опиша експлозијата како резултат на „напад“, но не спомна никого.

    Ирачките медиуми објавија дека ирачката противвоздушна одбрана не открила никакви беспилотни летала или борбени авиони пред или во моментот на експлозијата.

    Во соопштението се наведува дека меѓу повредените има и еден припадник на ирачката армија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img