More

    Инцидентот е на годишнината од упадот на Хамас во Израел

    spot_img

    Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген се случила уште една експлозија.

    Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и 5 дена откако беа активирани 2 експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.

    – Се разбира, разгледуваме дали би можело да биде поврзано со претходниот инцидент во Израелската амбасада. Нема индикации дека тоа е така – изјави полициската инспекторка Трине Молер.

    Шведската разузнавачка агенција „Сапо“ соопшти дека можеби Иран бил вмешан во експлозиите на 2 октомври во Данска, како и во пукотницата во близина на Израелската амбасада во Стокхолм еден ден претходно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img