Полицијата информираше дека вчера во затворот „Индризово“ дека околу 12 часот во установата, во просторија за посети, осуденикот Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил. Од здобиените повреди тој почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.
Од страна на лекар констатирана била смрт.
„Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од полицијата.