More

    Интер го враќа Лукаку во Челси

    spot_img

    Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, најави дека италијанскиот клуб на крајот на сезоната нема да го откупи договорот на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, јави денеска „Скај Италија“.

    – Без оглед на неговиот ефект, Лукаку на 30 јуни ќе се врати во Челси, како што е предвидено со договорот тој да ни биде позајмен само за една сезона – изјави Марота.

    Лукаку во 2021 година ја освои шампионската титула со Интер, по што премина во Челси во трансфер вреден 113 милиони евра. Белгиецот имаше бледа сезона во лондонскиот клуб, по што Челси одлучи да му го позајми на Интер.

    Лукаку досега оваа сезона одигра 14 натпревари за клубот од Милано и постигна 3 голови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img