Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје одбележa 85 години од раѓањетo и 65 години творечка дејност на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски.
Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Автор е на повеќе поетски книги и на романите „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“, „Сок од простата“, „Проверка на слободата“, „Град, години луѓе“ и други. Познат е и по документаристиката, меѓу кои се издвојува книгата „Судењата како последен пораз“.
Повеќе генерации македонски новинари го паметат Јован Павловски и како предавач на Интердисциплинираните студии по новинарство на УКИМ.
Многу здравје, драг професоре!