More

    Инспекцијата на РС забрани увоз на повеќе од илјада килограми јагоди од Албанија

    spot_img

    Фитосанитарната инспекција на Република Српска забранила увоз на две пратки со вкупно 1.630 килограми јагоди со потекло од Албанија, поради зголемената содржина на пестициди, соопштија за Срна во Инспекторатот на Српска.

    При увидот на пратката, одговорниот инспектор земал мостри за лабораториска анализа за испитување на остатоци од пестициди.

    Врз основа на извештајот за лабораториска анализа во тестираниот примерок, утврдено е зголемено присуство на пестициди над вредностите пропишани со Правилникот за максимални нивоа на остатоци од пестициди во и за храна и добиточна храна.

    Постапувајќи по резултатите од анализата, инспекторот донел решение за забрана за увоз и наредба за уништување на пратката во присуство на надлежен инспектор.

    Согласно сезонскиот карактер на одредени видови овошје и зеленчук, инспекцијата посебно внимание насочува кон насочени контроли, а со почетокот на сезоната за увоз на јагоди, акцентот е ставен на овие пратки, соопшти Инспекторатот.

    Досега годинава е забранет увозот на вкупно пет пратки јагоди со потекло од Албанија токму поради зголемената содржина на пестициди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img