More

    Инспекторите регистрирале дека фабриката го труе воздухот

    spot_img

    Градоначалниката на Град Скопје, Данела Аровска, поднесе кривична пријава против цементарницата Титан Ујсе поради загадување на амбиенталниот воздух во градот кој според направените мерења бил трипати над дозволеното.

    На денешната прес-конференција Арсовска рече дека постапката е поднесена според член 18, член 230 и член 234 од Кривичниот законик поради непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, при што се загадува воздухот, почавата и водата во поголем обем и со што се предизвикува опасност по животот на скопјани.

    – При мерењата на амбиенталниот воздух во кругот на фабриката Титан Усје измерени се големи концентрации на штетни честици кои придонесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот. Мерењата се извршени во два наврати, на 26 и на 27 декември, како и на 3 и на 4 јануари при што се измерени ПМ 10 честици кои трипати од дозволеното го загадуваат амбиенталниот воздух. Инспекторите на Град Скопје, заедно со инспекторите од Министерството за животна средина извршија увид и во цементарицата и се регистрирани сериозни прекршувања кои што се забележани на издадената интегрирана еколошка дозвола – рече Арсовска.

    Таа потенцираше дека недозволиво е граѓаните на Скопје да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении нѐ трујат, обидувајќи се со донации, со коруптивно однесување и најразичен вид на влијанија да се амнестираат за одговорноста за загадувањето на животната средина, при што илјадници сограѓани страдаат од бројни заболувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img