Почитувани пријатели и соработници,
Најнова балетска продукција од Националната опера и балет!
На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“ .
„Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат
примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина
Наќевска. Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
„Ме радува моментот на соединување со ансамблот на Националниот балет, по подолг период и се радувам на можноста на заедничката креација со извонредните солисти и ансамблот, кои беа реална инспирација за создавање на „Сага” – вели кореографката Рисимкин.
*Во прилог, биографии на авторскиот тим.
Со почит,
Маркетинг и односи со јавност, Национална опера и балет
Рисима Рисимкин е еднa од водечките македонски кореографи. Завршува средно балетско училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на професор Елисавета Кушовска. Специјализира класичен балет во Државниот театар „Шевченко“ во Киев, под менторство на истакнатиот балетски педагог, Елеонора М. Стебљак. Дипломира и магистрира на Универзитетот во Пловдив, Бугарија, на Академијата за Музичка и Танцова уметност (АМТИ), под менторство на истакнатиот кореограф и профоесор Петар Луканов,на отсек за кореографија,балетска режија и педагогија и се здобива со звањето балет-мајстор. Рисимкин докторира на државниот универзитет “Кирил и Методиј“ во Скопје на тема “Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа во 20 век“, под менторство на академик Катица Ќулавкова и се стекнува со титулата Доктор на филолошки науки. Во периодот од 1980 до 2002 година е член на Балетот при МОБ, каде како солист настапува во голем број улоги. Во 1991 година настапува на отворањето на фествалот „Охридско лето“ во насловна улога во претставата „Кармина Бурана“ на познатиот кореограф Драгутин Болдин, каде ја оставрува улогата на „Среќна девојка“ во партнерство со првенецот на Балетот Горан Божинов, претстава во која настапува целиот ансамбл на Балетот, солистите и хорот на Операта и оркестарот на МОБ. Од 2002 година Рисима Рисимкин ја продолжува својата кариера како самостоен уметник. Во 2005 година го оснива „Танц Фест Скопје“, кој донесува извонредни претстави со светско реноме во земјава и во изминатите 20 години го гради вкусот на домашната публика. Во 2010 година Рисимкин ја оснива првата едукативна програма на универзитетско ниво за создавање современи танчериво земјава, во партнерство со КОДАРТС универзитетот од Ротердам. Оваа програма денес е во рамките на Филмската академија,при универзитетот „Гоце Делчев“, каде Рисимкин е деканка и редовен професор Во 2011 година Рисимкин го оснива „Скопје танцовиот театар“, првата официјална компанија за современ танц кај нас, со која гостува на многу значајни фестивали, меѓу другите и на сцената на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Француската критика претставата ја наслови како „брилијантна претстава на авангарден кореограф“. Со претставата „Лејди Магбет“ во 2023 година Рисимкин гостува на сцената на Верона Шекспир Фринге фестивалот во Италија, а италијанската критика го оцени настапот како „автентично откритие на фестивалската програма и претстава со голем интензитет и естетски кус“. Со свои претставиРисимкингостува во Анкара, Турција; Њујорк, САД; Хаг, Ротердам и Амстердам, Холандија;Пекинг,Ханџо и Чуанџо, Кина; Љубљана, Словенија;на „Културната олимпијада“ во Лондон, Велика Британија; Санвинченто, Хрватска; Нијамеј, Нигер; на EКСПO – Национален ден на Македонија, Лисабон, Португалија; Подгорица, Црна Гора;на Европска културна престолнинаСолун, Грција; Варна, Софија и Бургас во Бугарија; Белград, Србија; Лајпциг,Келн иДиселдорф, Германија;Aркус, Данска.
Во 2013 година Рисимкин работи како уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција; во 2010 година е гостин-кореограф во Ротердам, Холандија и во Националниот балет на Љубљана, Словенија. Во 2016 година работи како гостин-кореограф во „Nine Contemporary Dance Company“ од Пекинг, Кина, а во 2018 година, е гостин-кореограф во Танцовиот театар во Љубљана, каде ја создавапретставата „Орландина“, за легендарната словенечка современа танчерка Росана Хрибар. Претставите на Рисимкин, домашната критика ги оценува како “претстава- меѓник на македонскататанцова историја” (Дневник Стравински 2004) или “Нова ера во македонскиот танц”(МЕМЕНТО 2002), а странската критика ја нарекува “Македонската Пина Бауш”. Таа добива одлични критики, кои излагаат во Dance Europe од Лондон, Велика Британија иDance for you од Минхен, Германија, специјализирани магазини за танц.Како професор Рисимкин предава на Универзитети во Австрија, Кина, Словачка Холандија, САД. Таа е автор на повеќе трудови за современиот танц и теорија на танцот. Во периодот од 2005 – 2013 година, Рисимкин е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО (Интернационален совет за танц, под покровителство на УНЕСКО), во Париз, Франција, во два последователни мандата. Оснивач е на Интерарт културниот центар (1996) преку чии активности во изминатите 25 годинија развива домашната современа танцова сцена.
Тони Китановски, џез музичар и професор. Музичкото образование го започнува под менторство на Драган Ѓаконовски – Шпато. Во 1990 година Китановски заминува за Бостон, каде што ги продолжува студиите и својата професионална кариера. Благодарение на исклучително ретко доделуваната награда „Роберт Шер“, во форма на полна стипендија, дипломира џез-композиција на престижниот Музички колеџ Беркли (Berklee College of Music). По десетина години се враќа во Македонија и продолжува да твори и концертира на Стариот континент. Одржува серија концерти во Универзалната сала и МОБ, кои се сметаат за први големи настапи на македонски џез-музичари во соработка со реномирани американски артисти, но и легенди на џезот (Чарли Мариано, Вини Голиа, Грег Хопкинс, Густаво Агилар, Оскар Салас…). На почетокот од овој век започнува низа соработки на турнеи и студиски проекти со импровизатори од Балканот, како Теодоси Спасов, Васил Хаџиманов, Изет Кизил, Костас Теодору и со ромскиот оркестар „Черкези“.Создал голем број композиции за џез-состави, издадени (Entermedia Publishing, EnjaRecords, SJF…) и дистрибуирани на сите континенти. Автор е на симфониски дела и филмска музика за неколку играни филмови (домашни и странски продукции), дваесетина документарни филмови, перформанс, театар и современ танц. За време на својата триесетгодишна професионална кариера одржал повеќе од илјада концерти во САД, во повеќе европски земји и насекаде во земјава и на Балканот. Неговото композиторско и изведувачко творештво било предмет на музиколошки истражувања и докторски дисертации (DaveWilson, MusicMakingSpace: Musicians,Scenes, andBelongingintheRepublicofMacedonia, UCLA 2015; JulijanaZhabeva-Papazova: Toni Kitanovski and Cherkezi Orchestra– Global and Local Intercourse, European Jazz Personalities, Peter Lang 2013ISBN:9783631697849). Неговата музика е постојано присутна на радиобрановите на речиси сите континенти.Китановски е професор на универзитетот „Гоце Делчев“ на во 2007 г. ја креира програмата по Џез-студии за први за втор цуклус студииво рамките на Музичката академија.
Благој Мицевски, костимограф. Дипломира на Универзитетот во Загреб 1990 на Институтот за Текстил и облека со што стекнува со звање Виш Дизајнер за Текстил и облека. Дипломира на Европскиот Универзитет во Скопје со што се стекнува со звање Дипломиран Дизајнер. Магистрира на Универзитетот ЕСРА во Скопје со што станува Магистер по Театарски Науки одсек Театарска режија. Од 1993 до денес е постојано вработен во НУ Народен Театар Битола како режисер, а шест години во улога на Уметнички Директор. Работел на повеке од 100 претстави, неколку филмови, опери и балети како костимограф и сценограф за што е носител на 14 награди за најдобра костимографија и една за сценографија. Значајна е и неговата работа во странство во театри во Сараево, Санта Барбара , Истамбул, Тирана, Антверпен, Љубљана, Приштина, Котор, Амстердам, балети во Ротердам, Љубљана и Анталија , како и две опери во Операта во Братислава. Работел на голем број претстави со Рисима Рисимкин, како и на Скопје Танцов Театар.
Матеј Мијановиќ, скулптор и менаџер.Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Жарко Башевски, чиј асистент е во периодот од 2014 до 2020 година.Како скулптор учествува во повеќе групниизложби, а создава и повеќе проекти кои се бават со промоција на млади уметници, како „Инкубатор- Платформа за млади уметници“, „Современ Стар Град“ и „ПРОТОГЕН – колонија за применета уметност“. Мијановиќ е потписник на повеќе сценографии за танцови претстави, меѓу кои „Лејди Магбет“,која гостува на Шекспир фестивалот во Битола и Верона Шекспир Фринге фестивал во Италија; „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која се изведе фестивалот „Охридско лето“ и на сцената на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција; „СМС (Сите мои слики…)“ која гостува на фестивалот „Средба во Пекинг“ во Кина; како и за претставите„Импулс”и „О! (тело)“ во кои работи со повеќе млади кореографи.