More

    Информација за изведба на обновената опера „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски на 16 септември 2023

    spot_img

    Националната опера и балет Ви најавува обнова на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски. На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 16 септември 2023 со почеток во 20.00 ч.

    Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

    Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков  во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска  Мадевска – Дина.  Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

    Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема.

    Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба, онлајн на www.operabalet.mk

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img