Информација за изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам 28.2.2023 и 2.3.2023

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почитувани пријатели и соработници,

Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20.00 ч.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е  Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

На 28 февруари во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Игор Веланоски, а на 2 март во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот  на Националната опера и балет.

Share This Article