More

    Инфлацијата за една година пораснала за 14,7%

    spot_img

    Трошоците на живот и цените на мало во март се намалени за 0,1% во споредба со февруари. Во споредба со март лани трошоците на животот се зголемени за 14,7%, а цените на мало за 10,7%. Овие податоци ги објави  денеска Државниот завод за статистика.

    Според статистиката, во март споредено со февруари, забележано е намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата за 4,7%, млекото за 4,6%, маслото и маснотиите за 2,4%, сирењето и урдата за 2,2%, свежото и разладеното овошје за 1,2%, рибата и морските плодови за 0,8% и јајцата за 0,2%.

    Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,8%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,1%, кафето, чајот, какаото, виното за 0,8%, жестоките пијалаци за 0,7%, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0,6%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img