Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година е намалено за 3,5%

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година е намалено за 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3,2 %, во секторот  „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 2,7 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 6,7 %.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 6,6 %, „капитални производи“ за 11,1 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6,9 %, додека пораст бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 4,3 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 36,2 %.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на периодот јануари – ноември 2023 година, бележи пад од 3,8%.

фото: МИА

Share This Article