Индустриското производство во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пад од 1,6 %

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Индустриското производство во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пад од 1,6 %, објави Државнiот завод за статистика.

Пад од 3,6% има кај индустриското производство и во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18,4 %, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи пораст од 1,3 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 4,6 %.

Зголемувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на тутунски производи, производство на текстил, печатење и продукција на снимени медиуми(записи), производство на хемикалии и хемиски производи, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки, производство на мебел и во одделот поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај „капитални производи“ за 28,7 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 34%, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 8,7 %, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 14,6 % и „,нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5%.

Share This Article