Познатиот индиски магнат Гаутам Адани стана трета најбогата личност во светот за оваа година,според индексот на милијардери на Блумберг. Неговото богатство се зголеми годинава поради енергетската криза и зголемените зделки кои ги зголемија акциите на неговите компании. Додека повеќето милијардери изгубија пари, тој додаде 40 милијарди долари на својата заработка во 2022 година.
Пред него сега се само Илон Маск на втората позиција со 130 милијарди долари и Бернард Арно на првото место со 163 милијарди долари.
Адани моментално вреди 116 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.
Гаутам Адани е претседател на групацијата „Адани“ која остварува приход од 21 милијарда долари. Групацијата работи со пристаништа, аеродроми, производството и преносот на електрична енергија, зелената енергија, масла за јадење, цементот и недвижен имот.
Оваа групација го контролира најголемото индиско пристаниште Мундра, а поседува и 74% од акциите на меѓународниот аеродром во Мумбаи, вториот најпрометен индиски аеродром.
Гуатам Адани е сопственик на „Abbot Point“, контроверзен проект за ископување јаглен во Австралија, чиј рудник за јаглен Кармајкл се смета за еден од најголемите во светот.
Годинава „Адани“ го купи индискиот имот на швајцарската компанија „Holcim“ за 10,5 милијарди долари за да стане втор по големина индиски производител на цемент.
Овој индиски милијардер, како што изјави неодамна, сака да биде најголемиот светски производител на зелена енергија и планира да инвестира до 70 милијарди долари во проекти за обновлива енергија.