Именувани се 7 директори без квалификации, некои и без оглас, констатира Просветниот инспекторат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во земјава во изминатите неколку месеци потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието, оцени Министерството за образование во соопштение, во кое се заклучува дека „тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот, кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните установи.“

„Просветните инспектори констатираа бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки.

Во три основни училишта – „Истикбал“, „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ – Порој и „Беса“ во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата „7. Март“.Во средното училиште „8. септември“ не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор.

Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ „Лирија“ за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што се известени надлежните органи и институции за понатамошно постапување.

Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и да има последици“ – се вели во соопштението на Министерството за образование.

Share This Article