Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување вечерва на 360 степени на МРТ ја содржината на УСБ-ињата кои Никола Груевски ги испраќал во Македонија.
Две од нив биле адресирани до Талат Џафери и Али Ахмети, а третото на некаков начин завршило во ВМРО-ДПМНЕ, а било упатено до трет човек.
Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзнанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие декствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контакти и со СДСМ но идеите кои се разговараат не се во корист на државата.
Во делот на докази, посочи Николоски има два дела.
– Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседател треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во Македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува – кажа Николоски.
Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации.
– Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски каде се врвните луѓе од власта на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега, прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој. Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имаме докази, еве има и уесбе на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието – рече Николоски.
Николоски укажа дека има јасна трага од каде е уесбето.
– Самото тоа што текстот од уесбето одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции – кажа Николоски.
Николоски потсети дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. Тој потсети дека корист има Оливер Спасасовски или нема да одговара за набавката на чизми во МВР, Васко Ковачевски нема да одговара за барањето мито од 250 илјади евра во РЕК Битола, се подобрува положбата на Мухамед Зеќири, Драги Рашковски, потоа застареност ќе има на многу дела на Зоран Заев.
За вкус на многумина ние бевме и претолерантни во контекст на ова што јавно се случува, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ.
– Да не заборавиме дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ остана политички активен преку своите настап во јавност во целиот изминат период и имаше ставови за многу политички прашања вклучително и за тунели под Водно, но немаше став за начинот на кој се промени името и за дејствувањето на Сашо Мијалков во тој период или тој зборува за се само не за клучните прашања – вели Николоски.
Според него се е многу јасно се ако се направи анализа на ставовите на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Некој нека направи затоа што тој и книга извади од Фејсбук статуси, дали од објавување на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави зад сцената збор има кажано за францускиот предлог или дали има збор кажано за барањето да се промени Уставот, дали има кажано еден збор. Јас ќе ви кажам дека нема кажано – посочи Николоски.