Сексуалниот чин на пар во автомобил бил уништен кога група насилници ги виделе како имаат секс во автомобилот, им го украле возилото и ги оставиле голи на улица. Бизарната сцена е снимена на улична безбедносна камера во Бразил на 17 август кога парот имал секс во автомобил.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како трио криминалци се приближуваат кон паркирано возило на добро осветлена улица околу 21.12 часот. Тие брзо погледнале дали има некој во автомобилот и тропнале на прозорецот. Потоа го виделе парот во акција, па голи ги извлекле од автомобилот и ги оставиле на улица.
Додека ги исфрлале и сакале да си заминат, жената се свртела и си ја барала облеката. Насилникот им ги фрлил алиштата на улица и заминал со нивниот автомобил. Потресени од инцидентот, двајцата млади потоа набрзина се облекле, а по што видеото завршува. Засега не е јасно дали криминалците се уапсени и дали жртвите, чиј идентитет останува непознат, поднеле пријава до надлежните органи.