More

    Имаат шема која им функционира – се преправаат дека се бегалци од една земја

    spot_img

    Терористите на ИСИЛ се повеќе пристигнуваат во Германија преку воената зона во Украина, пишува германскиот весник „Билд“. Статијата е напишана уште во јануари. Во написот се наведува дека станува збор за државјани на Таџикистан кои се претставуваат како украински бегалци.

    Тие користат лажни документи и им кажуваат на Германците фабрикувани приказни за тортура и прогон, а како што пишува „Билд“, таму речиси без никакви проверки ги прифаќаат украинските бегалци. Весникот истакнува дека во Германија во последно време расте бројот на уапсени терористи од Таџикистан, кои често се поврзуваат со групата ИСИЛ-К. Ова е огранок на ИСИЛ кој дејствува во Пакистан, Иран, Авганистан и Централна Азија.

    Конкретно, неодамна беа уапсени милитанти кои подготвуваа напад на катедралата во Келн. Не е сосема јасно како Таџикинците влегуваат во Европа преку борбената зона, бидејќи сега е невозможно да се помине линијата на фронтот во Украина. Таму нема контролни пунктови. Линијата е одделена со мински полиња, змејски заби и длабоки јами.
    Останува една теоретска опција – тие влегуваат во Украина легално преку Молдавија. Таџикистан има безвизен режим со Молдавија и со Украина. Таму купуваат лажни украински пасоши и потоа заминуваат повторно, преку Молдавија, користејќи таџикистански документи, заобиколувајќи ја забраната мажите да ја напуштаат Украина. Потоа доаѓаат во Европа користејќи украински биометриски пасош. Во написот на „Билд“ не се споменува таква шема, која на прв поглед изгледа прилично комплицирана, но потврдено е дека таа функционира.

    Сличен текст напиша и австрискиот весник „Хеуте“, по повод неодамнешниот терористички напад во Подмосковље. „Хеуте“ пишува дека во 2022 година, непосредно по почетокот на војната, државјани на Таџикистан пристигнале во Австрија од Украина, а потоа биле приведени во Виена минатиот декември под сомнение дека подготвувале терористички напади.
    Таџикистанецот и неговата сопруга, според истражителите, планирале напад со експлозиви и калашникови на катедралата Ст. Стефан. Судејќи според преписката на Фејсбук, тие биле дел од истата структура која ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Москва – ИСИЛ-К. Австриските разузнавачки служби веруваат дека има голем број осомничени за кои се вели дека пристигнале во Европа преку Украина.

    „Путин го користи нападот во Москва за да ја дискредитира Украина. Но, постојат знаци дека радикалите оттаму тивко навлеглегуваат во Европа“, пишува австрискиот медиум.

    Во исто време, според весникот, нема докази дека извршителите на терористичкиот напад во Русија имале врски со истомисленици во Украина.

    Дека работата со инфилтрирањето на терористите од ИСИЛ во Европа е сериозна потврдуваат и изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон. Францускиот претседател ја спомна  ИСИЛ и зборува и за тоа како оваа група се обидела да изврши напади и во Франција. Франција ја подигна состојбата на готовност на највисоко ниво по нападот во Москва.

    Исто така, Макрон и понуди на Русија да ја зајакне соработката за пронаоѓање на виновниците. Русија во моментов ја доведува во прашање одговорноста на ИСИЛ, односно официјалниот наратив сè уште е дека зад нападот стојат украински и западни служби.

    Од овие написи произлегува фактот дека постои терористички центар кој користејќи ги граѓаните на Таџикистан планира и изведува терористички напади и во Руската Федерација и во Европа. И, според сите сметки, тој центар веројатно не е заштитен од украинските специјални служби. Колку и да се во војна со Русија, Украина не би обезбедила логистика на некој што планира терористички напади во Европа.

    Сепак, судејќи според медиумите, на територијата на Украина имало, а можеби и сè уште има луѓе кои можат да бидат поврзани со ИСИЛ. А украинските специјални служби можеби ќе треба да посветат посебно внимание на проверка на овие информации. Затоа што доколку оваа информација биде потврдена, тоа значи потенцијална закана од терористички напади на исламисти и во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img