More

    Инцидент на протестот за криминалот на Онкологија

    spot_img

    Двајца активисти на Црвена Младина, подмладокот на Левица, биле легитимирани од полициски службеници за време на денешниот протест поврзан со настаните на Онкологија, затоа што фрлале јајца на зградите на владата и на јавното обвинителство, а потоа биле приведени во полициска станица, тврди Саше Јанчев, член на Централниот комитет на Левица.

    Притоа, тврди Јанчев, полициските службеници одбиле да се легитимираат, што им е должност.

    „Другари од Црвена Младина ги легитимираа, а сеа двајца ги носат у полициска станица оти фрлале јајца. Притоа на барање полицискиот службеник да се легитимира, што му е должност, ОДБИ. Рече, ќе дознаете во станица. Државата ја запалија, живи луѓе горат, ама за фрлање јајца носат луѓе во полиција!“ – напиша Јанчев на својот профил на Фејсбук.

    Инцидентот го потврди и лидерот на левица Димитар Апасиев, кој соопшти дека двајцата активисти се однесени во Полициската станица БЕКО и повика протестот да продолжи таму.

    Од МВР за „Макфакс“ потвдија дека денеска во 20.10 часот, поради сторен прекршок, биле приведени лицата П.З. и Ј.Ј.,  издадени им се мандатни платни налози и ослободени се во 21.00 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img