More

    Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено

    spot_img

    Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

    – Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Се надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите – рече Таравари.

    Прашан како граѓаните да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид и дека воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди според мерењата од 1 јули, Таравари рече официјален допис сѐ уште нема пристигнато во Министерството.

    – Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста и со новинарите – рече Таравари.

    Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и со Градската болница „Св. Наум Охридски“.

    Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

    На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар. Прашан дали е оптимист дека во блиска иднина ќе се најде заинтересиран економски оператор, бидејќи претходниот тендер бил неуспешен, а станува збор за сума од околу половина милион евра, Таравари рече оти не може да предвиди дали ќе се јави некој, но и оти овој проблем не треба да се одолговлекува, н исклучувајќи и директно договарање.

    – Затоа презедовме како Министерство нешто што не е наша обврска сѐ со цел да ја завршиме што побргу. Меѓутоа, не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави. Ако не се пријави, тогаш ќе одиме на опција да побараме некој кој може да го работи и да се договориме директно – Министерството со изведувачот – изјави Таравари.

    ШТО Е ФОРМАЛДЕХИД?

    Формалдехид е средство за сензибилизација кое може да предизвика реакција на имунолошкиот систем по првичната изложеност. Акутната експозиција е многу иритирачка за очите, носот и грлото и може да предизвика кашлица и отежнато дишење. Последователното изложување може да предизвика сериозни алергиски реакции на кожата, очите и респираторниот тракт и да предизвика проблеми со дишните патишта како што се астма и иритација на кожата, како што се дерматитис и чешање. Формалдехидот е класифициран како канцероген од групата 1 од страна на IARC, што значи дека е канцероген за луѓето (рак на носот).

    КАДЕ СЕ ПОЈАВУВА РИЗИКОТ

    Изложеноста на формалдехид се јавува во здравството, текстилната индустрија и индустријата за хартија. Работниците можат да го вдишат формалдехидот како гас или пареа или да го апсорбираат преку кожата како течност. Тие можат да бидат изложени за време на производство на текстил и производство на смоли. Покрај здравствените работници и медицинските лабораториски техничари, групи со потенцијално висок ризик вклучуваат работници кои работат во погребална, како и наставници и студенти кои ракуваат со биолошки примероци сочувани со формалдехид или формалин.

    ПОВЕЌЕ ЗА СУПСТАНЦАТА

    Формалдехид е безбоен, силен мирис кој најчесто се наоѓа во воден раствор. Вообичаено се користи како конзерванс во медицински лаборатории. Формалдехид, исто така, се наоѓа во многу производи, како што се хемикалии, честички, производи за домаќинството, лепила, траки од трајно печење, премачкување за хартија, фибер-плочи и иверица. Исто така, широко се користи како индустриски фунгицид, гермицид и средство за дезинфекција.

    КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ И КАКВО Е ВЛИЈАНИЕТО

    Дишењето на формалдехид може да доведе до симптоми како болки во грлото, очите и надразнување на носот. Некои луѓе се почувствителни од другите, па изложеноста која не предизвикува никакви проблеми за некои луѓе кај други може да предизвика непријатност.

    Познато е дека формалдехидот предизвикува рак. Колку е повисоко нивото и колку е поголема изложеноста, толку е поголема можноста за појава на рак (рак на носот и грлото). Изложеноста на формалдехид може да ја зголеми шансата за рак дури и на ниво премногу ниско за да предизвика симптоми.

    Латентниот период помеѓу експозицијата и појава на карциномот варира од 2 години до 15 години (за некои акутни видови на рак).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img