Во Кавадарци ноќеска се случила тепачка меѓу навивачи на ФК Тиквеш и на ФК Вардар во пресрет на фудбалскиот дерби натпревар кој треба да се одржи в недела во вој град.
Припадници на навивачката група Комити во текот на изминатата ноќ со неколку автомобили влегле во Кавадарци, додека нивните ривали од навивачката група Лозари ги подготвувале транспарентите за неделното дерби.
Навивачите на Вардар влегле во спортската сала „Јасмин“ со факели и со тврди предмети ги нападнале Лозари, кои не биле подготвени за такво нешто. Скопските навивачи успеале да им ги одземат материјалите.
Инцидентот е снимен со безбедносни камери од СЦ „Јасмин“. МВР најави повеќе детали за инцидентот.