Меган Маркл и принцот Хари наводно се изоставени од списокот за свадбата на нивниот кум.
Се чини дека тензиите меѓу кралското семејство и војводата и војвотката од Сасекс влијаеле и на другите односи во нивните животи. Нивниот долгогодишен пријател од Велика Британија, Хју Гросвенор, кој е еден од кумовите на нивниот син Арчи, во јуни ќе се ожени со својата избраничка Оливија Хенсон, а според сè, покана за овој настан не стигнала на адресата на Меган и на Хари во Калифорнија, известува „Сандеј тајмс“.
„Неверојатно е тажно што дојде до ова“, изјави пријател на Хари за британскиот магазин. Инсајдерот додаде дека поканата е изоставена, со цел да се спречи понатамошна драма меѓу скараните членови на кралското семејство, како и вниманието што Хари и Меган го привлекуваат каде и да се појават.
„Тој сакаше да избегне сè што ќе го засени овој ден, особено Оливија, и не сака никакви непријатни ситуации“, продолжи тој. „Хју е еден од ретките блиски пријатели на Хари и Вилијам кој одржувал линија на комуникација со двајцата. Тој би сакал да склучат примирје и да го поправат односот, но сфаќа дека тоа е малку веројатно да се случи пред свадбата“, пишува „Пејџ сикс“.
Во отсуство на Хари и Меган, на списокот на гости наводно се најдоа принцот Вилијам и принцезата Кејт, заедно со кралот Чарлс Трети. Иако односите меѓу Хари и Меган и неговото семејство одамна се затегнати, објавувањето на книгата на кралскиот репортер Омид Скоби, „Крајна игра“, нималку не ги подобри работите. Во холандската верзија на книгата, кралот Чарлс и Кејт се именувани како „расисти“ кои коментирале каква боја ќе има кожата на бебето Арчи кога ќе се роди.