Илјадници автомобили кои требаше да се извезат во Русија во моментов се заглавени во пристаништето Зебриж во Белгија поради санкциите воведени кон таа земја.
Белгиската царинска и акцизна управа, која го контролира увозот и извозот на одредени стоки во и од Белгија, не дозволува извоз на Mercedes, Audi, BMW, Cadillac, Lexus, како и Toyota, Ford, Volkswagen, Hyundai, Nissan и Сузуки во Русија.
Нарачките за автомобили се издаваа пред воведувањето на санкциите, така што правниот статус на автомобилите засега е нејасен.
Европската унија воведе сет санкции кон Русија и многу олигарси со цел да ја принуди да стави крај на војната што започна на 24 февруари во Украина.