Се чини дека Европа сè уште не се побунила за досега речиси 50 пронајдени илегални кинески полициски станици на континентот и повеќе од 100 во 50 светски земји вклучително и САД.
Откритието го објави Сејфгард Дефендерс, група за правда со седиште во Шпанија, иако и претходно имаше наводи за ваквите „штабови“ каде Кинеската комунистичка партија(ККП) директно ги надгледува пред сè своите граѓани од дијаспората.
Њузвик пишува дека европските држави прават премалку за да се обратат до тајните полициски станици на ККП. Од другата страна на Атлантикот, американските власти се обидуваат да го решат проблемот поднесувајќи кривични пријави преку американското министерство за правда.
„Бензински пумпи“ за кинеска доминација
Пекинг ги демантираше овие наводи. За извештајот на Сејфгард Дефендерс мисијата на Пекинг во Франција соопшти:
„Кина отсекогаш цврсто се спротивставувала на јурисдикцијата со долга рака, строго го почитува меѓународното право, го почитува судскиот суверенитет на сите земји и не извршила никакви активности за спроведување на законот преку „странски бензински пумпи“.
Врвот на ледениот брег
Дека Европа каска позади САД во справувањето со овие тајни штабови потврди и Лаура Харт, директорка на кампањата која ја водат Сејфгард Дефендерс. Според неа овие станици се само „врвот на ледениот брег“.
– Очигледно, САД имаа малку добар почеток, не за полициските станици самите по себе, туку за истрагите и гонењето на транснационалната репресија што доаѓа од Народна Република Кина – рече Харт за Њузвик.
– Американските истражители- додава таа – беа способни да усвојат меѓусекторски пристап кој досега се покажа недостижен во Европа.
Дрско и сензационално
Сејфгард Дефендерс идентификувале речиси 50 станици распространети низ Европа, особено во Шпанија (девет станици), Франција (четири) и во Италија (11).
– Би рекла дека Велика Британија, од она што можам да го видам досега, и имам надеж дека работите малку ќе се променат во следните недели, е средна, не премногу за загрижување досега. Но, сепак е подобра од она што го гледаме во Франција, Шпанија, Италија и во јужна Европа – објаснува таа.
– Веројатно ќе има неколку станици што можеби не сме ги нашле.Станиците се само едно од проксите што властите на НР Кина ги користат за да одат по луѓе во странство. Тие се само многу, да речеме, дрзок и сензационален начин на кој властите во Кина се насочија кон тоа, но тоа е одраз на она што се случува воопшто – подвлекува Харт.
Да не бегаат дисидентите од Кина, да се подмлади нацијата
Според неа, ова ги потврдува сомнежните дека откако Си Џинпинг дојде на власт тој сака да ги контролира прекуокеанските заедници и има план за „големо подмладување на нацијата“.
Полициските станици имаат поширока задача одошто едноставно да ги следат криминалците, а меѓу нив и оние дисиденти кои бегаат од Кина.
– Сметаме дека главната задача на станиците е навистина да ги контролираат, ако сакате, поголемите прекуокеански заедници, оние многу тивки заедници каде што би можеле да се појават дисиденти, но не и луѓето за кои ние на Запад би размислувале како активисти – вели Харт и додава дека Кина нема да сопре со овие операции, туку можно е тие и да се зголемуваат во иднина.
На почетокот на месецов, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ги критикуваше американските апсења на двајца кинески Американци, осомничени дека работеле во тајна полициска станица на ККП во Њујорк.
Луѓето кои ги водат станиците се фини со политичарите
Истрагата покажала дека полициските станици се само дел од работата на една мега-организација во Кина, наречена Обединет фронт. Организацијата ги следи мислењата на кинеската дијаспора, но има задача и дома да го зголеми влијанието на Комунистичката партија на Кина.
Додека Франција и Германија ги истражуваат извештаите за овие станици и пробуваат да се координираат со САД, Харт вели дека мора да се направи мапирање на сите организации кои спаѓаат под кинескиот Обединет фронт, меѓу нив и полициските станици.
Таа нема одговор зошто Европа е толку спора во решавањето на овој проблем, но дава една можност, а тоа е дека луѓето кои ги водат овие организации се во добри односи со локалните политичари во европските земји.
– Срамот ќе продолжи да расте поради ова, затоа што знаеме дека овие луѓе се фини со локалните политичари, органите на прогонот, академиците и така натаму, со години, ако не и со децении – децидна е Харт.
– Значи, ме вади од памет зошто владите (во Европа) не се поактивни. Навистина не го разбирам тоа.