More

    Играниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова вечерва премиерно ќе биде прикажан во киното „Фросина“ во Скопје

    spot_img

    Играниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова вечерва премиерно ќе биде прикажан во киното „Фросина“ во Скопје.

    Македонскиот филм кој е во продукција на ДНФ Филмс ја имаше својата светска премиера на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

    Во Европа „Преекспонирано“, изминатата недела се прикажа на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

    Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Сценариото го напиша Елеонора Венинова, која е и режисер на филмот, а монтажер и продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент е Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

    По премиерата „Преекспонирано“ ќе се најде на редовниот репертоар на скопските кина Милениум и Синеплекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img