Игор Пехчевски останал бев „трикафта“: Јас лекот не го добив!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза, Игор Пехчевски денеска реагира дека не е меѓу првите осум пациенти кои го добија лекот Трикафта и кои од денеска ќе ја примаат оваа таблетарна терапија.

Тој во својата објава на Фејсбук прашува дали и останатите пациентио ќе го добијат лекот навреме.

„Се додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, многу малку се знаеше што е болеста цистична фиброза, како медиумите, така и македонската јавност, а камо ли за лекот „трикафта“. А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ! Ги прашувам надлежните: Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, прашува Игор.

Директорката на Клиниката за детски болести Стојка Нацева Фуштиќ вчера најави дека терапијата ќе почне да ја примаат седум возрасни пациенти и едно дете, меѓу кои двајца се во критична состојба.

Share This Article