По убедливата победа (6:4, 6:0) над Јапонката Наоми Осака во финалето на турнирот во Мајами, Полската Ига Свијатек утринава и официјално е број 1 на ВТА листата.
Девојката од Варшава, која на 31 мај ќе наполни 21 година, сега има 6711 бодови или 1736 повеќе од второпласираната Чехиња Барбора Крејчикова (4975 бодови).
Треба да се додаде дека Ига е првата Полјачка на позицијата 1 во историјата на ВТА листата, бидејќи Агњеска Радванска во неколку наврати стигна до втората позиција.
Трета на најновата ВТА листа е Шпанката Паула Бадоса со 4970 поени.